Бразилскиот ММА борец Пауло Коста верува дека УФЦ ги дискриминира Бразилците.
Поранешниот предизвикувач за титулата во средна категорија не е задоволен со својата плата. Коста требаше да се бори со Роберт Витакер во февруари, но се повлече. Тој има уште 1 борба од договорот со нив и не сака да го продолжи бидејќи парите се малку.
Пауло добива фиксна плата од 70.000 долари како и бонус од 70.000 долари, но доколку победи. Коста смета дека УФЦ им дава малку на Бразилците затоа што тие ги сметаат за мажи од џунглата на кои не им требаат пари.
„Мислам дека на Бразилците им нудат ниски плати бидејќи мислат дека живееме во џунгла во Бразил и не ни требаат пари.
Нашата валута е пет пати помала од доларот, па очигледно не треба да ни даваат повеќе. А менталитетот на Бразилците е таков што тие се согласуваат. И јас ја направив таа грешка.
Но, тоа не е фер. Подготвен сум да се борам во март и ако на УФЦ му е потребна мојата борба со Роберт Витакер, нека испратат договор со прилагодени бројки“, изјави Коста за „ММА час“.
Пауло моментално преговара за нов договор. Не е јасно дали тој ќе одлучи да остане во УФЦ. Последнава година не престанува да зборува за деби во боксот.