Пауло Коста и Јан Блахович се договорија да се борат на УФЦ 288

Дaна Вајт и неговите луѓе сè уште работат на пронаоѓање на водечката борба на УФЦ 288.

Настанот ќе се одржи на 6 мај во Њу Џерси. Насловната борба беше во лесна категорија меѓу Бенеил Дариуш и Чарлс Оливеира. За жал, Оливеира се повлече и затоа настанот нема предводничка борба.

Жилберт Барнс и Белал Мухамед беа подготвени за конасловна борба. Брнс потоа се сврте кон Дастин Пориер. Последните информации се дека Пауло Коста и Јан Блахович се договориле да се борат во главната борба на вечерта.

Бразилецот вели дека му се јавил Хантер Кембел за да му каже дека Блахович се согласил. Борбата би била во полутешка категорија. Пауло тврди дека ако сега се бори со Јан, тогаш нема да има проблем да се бори со Хамзат Чимаев во октомври во Абу Даби.

Коста има 14-2 во ММА, а последен пат го победи Лук Рокхолд кон крајот на 2022 година. Оваа победа ја прекина неговата серија од 2 порази. Пауло победи на 11 од неговите натпревари со нокаут и еднаш загуби со нокаут. Тој се бореше против Израел Адесања за титулата во средна категорија во 2020 година, но загуби со нокаут.

Блахович има скор 29-9-1 во ММА. Во последната борба ремизираше со Магомед Анкалаев на крајот на 2022 година. Јан завршува 18 од своите натпревари и паѓа во финишот 4 пати. Тој загуби само од Гловер Тешеира во последните 8 борби во УФЦ.

Останува да се види дали ќе ги одработат условите за оваа борба.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by P U N C H E R ™ (@mmapuncher_tm)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON