Пауло Коста до Чимаев: Голема главо, доаѓа твојот прв пораз!

Пауло Коста продолжува да притиска за борба со Хамзат Чимаев.

Двајцата требаше да се борат кон крајот на минатиот месец во Абу Даби. Нивната борба требаше да биде насловна на УФЦ 294. За жал, Коста имаше инфекција на лактот и му требаа 3 операции. Тоа доведе до негово повлекување од натпреварот, а Чимаев остана и се избори со Камару Усман. Хазмат го победи со одлука и Дана Вајт откри дека ќе му даде шанса за титулата.

Хамзат треба да се бори со Шон Стрикленд, кој е шампион во средна категорија. Сепак, Пауло не престанува да кажува дека сепак Чеченецот не заслужува шанса. Коста се закани дека ќе го нанесе првиот пораз на чеченската ѕвезда.

„Бигхед (Голема глава), доаѓа твојот прв пораз! Ченчен, ќе останеш со скор 13-1“, напиша Коста.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО