Александар Поветкин (34-1, 24 КО) на 22 септември, на стадионот Вембли ќе учествува во својата седма борба за светската титула во тешка категорија.
38-годишниот Русин ќе го предизвика ВБА, ВБО, ИБФ и ИБО шампионот Ентони Џошуа (21-0, 20 КО).
Олимпискиот шампион од 2004 година, светот аматерски првак од 2003 година и двоен европски првак, 2011 година со едногласна одлука против Руслан Чагаев стана „регуларен“ ВБА шампион.
Успешно ја одбрани титулата против Седрик Босвел, Марко Хук, Хасим Рахман и Анджеј Ваврзик, пред Кличко во октомври 2013 година да му го нанесе единствениот пораз во професионалната кариера.
Новиот подем го започна со пет последователни нокаути – против Мануел Чар, Карлос Такам, Мајк Перез, Мариуш Вах и Јохан Духаупас. Следеш победата на поени против Андриј Руденко, а на ист начин го совлада и Кристијан Хамер, борба која му го донесе местото задолжителни предизвикувач.
Поветкин последен пат боксираше кон крајот на март на стадионот во Кардиф во воведниот дел на настанот, Џошуа-Паркер, каде што во петата рунда го нокаутира Дејвид Прајс.
Во спаринзите за борбата со Џошуа му помага и Петар Милас.
Британцот ги користат услугите на Мартин Баколе Илунга и европскиот шампион Агит Кабаел.
.