Силвестер Сталоне продаде патики на аукција кои ги носеше како легендарниот Роки во истоимениот филм за позавидна сума од 149.000 долари.
Наддавањето се одржа во Лос Анџелес. Патиките за трчање добија највисока сума на надавањето, на кој беа распродадени и други сувенири од филмската кариера на Сталоне. Вкупните приход од аукцијата е 3 милиони долари.
Во моментов во американските кина оди најновиот филм од серијалот Роки – „Creed“ (Вера). Во него Сталоне ја игра улогата на пензиониран боксер, кој станува тренер на синот на стариот ривал Аполо Крид.
Оценката на гледачите е многу висока. IMDB дава просечна оценка од 8,3, што е едно од најсилните достигнувања за годинава.