Со вкупно освоени 37 медали (8 златни, 5 сребрени и 24 бронзени) каратистите на „Партизан“ од Кочани го освоија второто место во генералниот пласман Меѓнародниот карате турнир „Власотинце опен 2015“ во Србија, зад екипата на Јошитака од Скопје.
На турнирот учествуваа 440 каратисти од 33 клуба од Македонија и Србија, а каратистите на „Партизан“ настапија со 42 натпреварувачи.
Во борби се освоени се 7 златни (шест поединечно и една екипно) 1 сребрен и 6 бронзени медали, додека останатите 1 златен, 4 сребрени и 18 бронзени се освоени се изведба на кати. Меѓу освојувачите на златние медали ќе ги издвоиме Димитар Јакимов, Роберто Здравковски, Василија Христиќ, Ѓорги Петров, Кристијан Грозданов, екипата во борби 2004/2005,…
ipon.mk/В.Д.