Партизан-Кочани трет во генералниот пласман на „Иппон купот 2017“ (ФОТО)

КК Партизан од Кочани е трет во генерален пласман на Иппон купот во Лесковац – Србија со вкупно освоени 29 медали од кои 11 се златни (3 во кати и 8 во борби), 7 сребрени (3 во кати и 4 во борби) и 11 бронзени медали (2 во кати и 9 во борби).

На овој меѓународен турнир е најуспешен натпреварувач на Партизан е Кристијан Грозданов со три златни медали; -40 кг, -45 кг и екипно мажи.

Златни медали освоија: Јована Младенова, Сунчица Ангелова и Василија Христиќ во кати, Филип Стојанов  -35 кг, Благој Тасески  -37 кг, Кристијан Грозданов  -40 кг и  -45 кг, Ѓорги Петров +50 кг, Давид Гацов -68 кг, Ангел Паунов -75 кг и екипно машката екипа – генерација 2004-2005 година.

Ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON