Карате клубот Партизан од Кочани со 12 натпреварувачи освои пет медали на Меѓународниот турнир „13 Ноември“ во Скопје, од кои 3 се златни и по еден сребрен и бронзен.
Носители на златниот медал станаа:
Мартина Шахинова генерација 2003 година +45 килограми
Роберто Здравковски генерација 2003 година до 47 килограми и
Горги Петров генерација 2004 година +47 килограми.
Сребрениот медал и припадна на Ива Таушанова генерација 2003 година +45 килограми а бронзата на Ангел Митев генерација 2003 година до 52 килограми.
Ipon.mk/В.Д.