Паркер го сопре Лепаи во последната рунда (ВИДЕО)

Џозеф Паркер (26-2, 20 КО) во воведниот дел настанот Андраде – Сулецки во Провиденс го одработи првиот меч оваа година.

27-годишниот поранешен светски шампион во тешка категорија во двобојот на Самоанците во Америка во последната 10-та рунда го сопре поранешниот предизвикувач за титѕулата Алекс Лепаи (32-8-4, 26 КО).

39-годишниот Лепаи беше во проблеми од почетокот на мечот, но се држеше до последната рунда кога судијата ја прекина борбата на негово незадоволство.

На Паркер ова му е втора последователна победа по првите два порази во кариерата. Во март 2018 година го загуби шампионскиот појас за обединување со Ентони Џошуа, а потоа во јули е поразен со едногласна одлука на Дилиен Вајт. Минатата годината ја заврши со нокаут над Американецот Александар Флорес.

Лепаи му беше и првата борба оваа година и четврта од враќањето во рингот на крајот од 2017 година.

https://www.youtube.com/watch?v=daDeD9AJ8zg
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON