Паркер доби противник за борба на крајот на месецот

Џозеф Паркер (26-2, 20 КО) следениот ќе го има на 29 февруари нанастанот Мајки Гарсија – Џеси Варгас во Тексас.

Поранешниот светски шампион во тешка категорија ќе се бори против Шондел Винтерс (13-2, 12 КО).

39-годишниот Американец во септември во петата рунда го нокаутира дотогаш непоразениот Александр Тесленко (16-1, 12 КО). И следната борба, против уште еден Украинец, Сергеј Вервејк во ноември заврши со прекин.

28-годишниот Паркер последен боксираше минатиот јуни кога во псоледната десета рунда го запре поранешниот предизвикувач за титулата 39-годишниот Алекс Лепаи (32-8-4, 26 КО).

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON