Париз ќе биде домаќин на европските квалификации за Олимписките игри

Европските боксерски квалификации за Олимписките игри во Токио ќе се одржат во Париз.

Натпреварите за место на Игрите ќе се одржат од 4 до 8 јуни, а главниот град на Франција ќе го заземе местото на Лондон како домаќин на турнирот. Одделот за боксот на МОК рече дека изборот паднал на Париз како: „дел од ветувањето да организира настани во идни или неодамнешни домаќини на Олимписки игри, како и продолжување на заемната корист од работата со локалниот Олимписки комитет на кој му е доверено организирање на веќе откажаните светски квалификации“, се вели во официјалното соопштение.

Пред десетина дена, генералниот секретар на Руската федерација Кирил Шчекутиев објави дека се очекува многу брзо да биде откриен домаќинот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON