Филипинскиот боксер Мани Пакијао му предложи на противникот за светската титула во полусредна категорија, Флојд Мејведер, двајцата да се помолат пред натпреварот на 2 мај.
Мечот во Лас Вегас ќе го следи милионски аудиториум во светот, а Пакијао изјави дека заедничката молитва ќе им помогне двајцата .
„Сакам да испратиме порака дека борбата не е ништо лично. Ние сме спортисти и си ја вршиме работата. Имаме потреба да го кажеме тоа на Бог и да ја добиеме поддршката. Имаме потреба од тоа“, изјави Пакијао.
https://youtu.be/Lw4AyxktdeI