Пакијао заговара реванш со Мејведер – да се утврди кој е најдобар

Поранешниот светски шампион во бокс во осум различни категории Мани Пакијао смета дека постои голема веројатност за реванш со поранешниот сопственик на титулите во пет категории Флојд Мејведер. Тие се соочија во мај 2015 година, а победата со едногласна одлука на судиите му беше доделена на Мејведер.

„Има голема шанса за реванш, бидејќи Флојд се враќа на боксот. Тој ќе се бори во декември, а јас во јануари. Значи, следната година има големи шанси да се разговара за реванш.

Треба повторно да се бориме за да потврдиме кој е најдобриот. Бидејќи во првиот меч не беше јасно кој победи, тој што победи без многу удари. Имав повреда на рамото, но овој пат, ако има реванш, нема да има никакви оправдувања и извинувања“, изјави Пакијао за Скај спорт.

Флојд Мејведер потпиша договор за деби натпревар по правилата на ММА, иако се уште не дефинирано дали ќе биде така, кој ќе се одржи на 31 декември оваа година. Следниот меч на Пакијао е на 19 јануари 2019 против Адријан Брунер.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON