Поранешниот светски шампион во осум различни категории Мани Пакијао на актуелниот шампион во полусредна категорија на ВБЦ и ИБФ, Ерол Спенс Јуниор му посака брзо закрепнување. 42-годишниот Филипинец и 11 годишни помладиот Американец требаш да се борат на 21 август во Лас Вегас. Меѓутоа, нивниот меч пропадна откако се покажа дека шампионот има проблем со искината мрежница на едното око.
Како резултат на тоа, средбата беше откажана и сега легендата ќе се соочи со Кубанецот Јорданис Угас, кој влегува како резервна опција. И покрај промената, „Пакман“ останува со надеж дека наскоро ќе влезе во рингот против непоразениот во 27 меча Спенс.
„Нема проблем. Кога ќе се опорави, ќе се борам. Се додека е физички добро, тогаш само ќе одредиме нов датум за настанот“, ја коментираше ситуацијата Мани.
Интересно е што Угас, кој е шампион на ВБА, требаше да боксира на гала вечерта за која станува збор, но против Фабијан Мајдана. Меѓутоа, во понеделникот, неговиот противник, исто така, се здоби со спаринг повреда, што помогна во тековната промена.
„Се уште мислам дека тоа е добар меч, тежок меч. Не постои начин арогантно да се погледне на таков ривал. Сега морам да се приспособам и да не го потценувам натпреварот, бидејќи Угас е светски шампион“, изјави Пакијао.
35-годишниот Кубанец има имот од 26 победи и 4 порази. Тој е и бронзен медалист од боксерскиот турнир на Олимпијадата во Пекинг 2008. Во меѓувреме, Пакман има 62 победи, 7 порази и две нерешени средби. За ветеранот ова ќе биде прв натпревар од 2019 година.