Пакијао убедлив против Бронер

Мани Пакијао (61-7-2, 39 КО) беше убедлив во првата одбрана на „редовната“ титула на ВБА во велтер.

40-годишниот Филипинец со едногласна одлука судиите во Лас Вегас го победи 11цгодини помладиот Адриен Бронер (33-4-1, 24 КО).

Судиите го бодуваа мечот 117-111, 116-112, 116-112.

Пакијао активно ја отвори борбата, а Американецот почна добро да контрира во четвртата.

Во шестата рунда Филипинецот почна добро да погаѓа во на телото на противникот, а во седмата за малку да го заврши Бронер на јажињата.

Американецот преживуваше крајот на борбата која убедливо отиде во корист на Пакијао.

Бронере без победа во последните три натпревари. Последен пат славеше во февруари 2017 година.

.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON