Пакијао: Сега, ви изгледам ли стар?!

Завчера Мани Пакијао ја освои својата 11-тата светска титула во Куала Лумпур.

39-годишниот Филипинец во седмата рунда го нокаутира Лукас Матис (39-5-1 НЦ, 36 КО) и ја презеде „регуларната“ титула на ВБА во велтер категорија. Сепак, треба да се каже дека 35-годишниот Аргентинец во неговата претходна борба во јануари против Теве Кирам од Тајланд веќе изгледаше како потрошен боксер.

„Се вратив. Тоа е тоа. Се вратив во боксот. Беше само прашање на време. Мора да се одмориш и да се вратиш, а токму тоа го направив. Не се фалам, но мислам дека моите удари го болеа. Секој удар го заболе. Мислам дека се плашеше од моите удари“, рече Пакијао по првата победа со нокаут по осум и пол години.

Неговата 60-та победа е постигната без Фреди Роуч во аголот. Бубој Фернандез го презеде водството на овој меч.

„Мора да го сакате она што го правите, за да го правите тоа и како 39-годишен борец“.

Уверливата победа му се припишува на новиот режим на тренинзи кои му ги вратија силата и брзината, иако не онкава како на врвот на легендарната кариера во која ги освојуваше светски титули во осум тежински категории.

„Изгледам ли старо? Не денес“.

Мечот во живо го следеше филипинскиот претседател Родриго Дуерте во друштво на новиот малезиски премиер Махатир Мохамад.

„Се разбира, тоа беше дополнителна мотивација да се борам добро и внимателно“, додаде Пакијао кој е и филипински сенатор.

По оваа победа е јасно дека познатиот боксер ќе ја продолжи кариерата по влегувањето во 40-тата година.

Филипинецот левак е професионалец од 1995 година, а неговата кариера се протега 23 години.

Пред прекинот три птаи го соборуваше Матис. Прв пат со аперкат во третата рунда.

„Изненаден сум што толку рано го соборував. Изненаден сум што го уривав Матис во третата, петата и седмата рунда. Помина долго време откако тоа го направив последен пат. Излегов во ринго запален. Одрабтивме добра работа на тренингот. Не претерувавме. Го контролиравме темпото и самите себе. Веќе не сум млад. Но и кога мојот тим сакаше да застанам, продолжував до границата на издржливост. На мене не се гледа дека имам 39 години, ќе помислите дека имав 28“.

Во текот на следните неколку месеци ќе видиме дали Пакијао ќе ги одмери силите со новата генерација – ВБО шампионот во велтер Теренс Крафорд или ВБА шампион во лесната категорија, Васил Ломаченко.

„Гледав неколку борби на Ломаченко. Брз е. Ми се допаѓа неговиот стил. Борбата со него ќе биде добра и возбудлива“.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON