Стипе Миочиќ: Бакнете ме во газ ако мислите дека не заслужувам реванш!

Стипе Миочиќ бара реванш со Даниел Кормиер и тоа веднаш и го критикува Брок Леснар поради непочитување.

Откако го собори рекордот на тешката категорија во УФЦ со три одбрани на титулата, Миочиќ пред десет дена загуби со нокаут од Даниел Кормиер во Лас Вегас. ДК му го нанесе првиот пораз од 2014 година и на титулата на шампион во полутешка ја додаде и онаа во тешка.

Кормиер во тој меч го скрши прстот, но не мора да го оперира. Неговиот план е прво да го брани појасот во категоријата од 93 килограми, а потоа да се бори со Брок Леснар за титулата во тешка категорија.

По борбаа на Кормиер и Миочиќ, ѕвездата на ВВЕ и поранешен шампион на УФЦ влезе во кафезот и го турна новиот шампион и ја извреѓа тешката категорија.

„Ќе ти кажам нешто. Влегов во оваа зграда и ја гледав оваа тешкашка катастрофа од почеток. Нагану е срање, Миочиќ е срање, ДК доаѓам па тебе“.

Во разговор за ЕСПН, Миочиќ ги коментираше настаните по главната битка на УФЦ 226.

„Тоа беше тотално срање и таков недостаток на почит. Не мислев дека УФЦ е таков“.

Леснар нема официјална победа во УФЦ од 2010 година, а моментално ја отслужува суспензијата заради падот на допинг-тестот по победата над Марк Хант, која беше поништена.

„Мислев дека ќе ме интервјуираат по борбата и дека ќе може да побарам реванш. Кога влезе Брок, си реков: Си одам, не ми треба овој циркус. Како може да му дадат борба за титула на тип кој не се борел повеќе од две години и неговата последна борба е поништена, затоа што падна на допинг тестот“.

Додаде дека се надева оти УФЦ ќе размисли за својата одлука и веднаш ќе му даде реванш. Запрашан дали ќе прифати каквабило друга опција за неговата следна борба, тој рече: „Не“.

„Сакам борба за титулата. Ја заслужувам. Колку не се борел Леснар? Тој да добие шанса, а мене да ме остават на страна? Ми се чини дека се очајни за ППГ броевите“.

„Ја исчистив категоријата. Го бранев појасот повеќе од којбило друг и тие ми велат дека не ја заслужувам шансата да го вратам назад. Губете се. Бакнете ме во газ ако мислите дека не заслужувам реванш“.

Миочиќ рече дека разговарал со претседателот на УФЦ, Дана Вајт, веднаш по мечот, при што му се извинил за влезот на Леснар во кафезот. Рече дека извинувањето не му значи многу.

„Тоа беше разговор од две секунди. Се извини за се што се случи во кафезот. Му одговорив: Што и да е. Тоа извинување не значеше ништо. Сакаа да се случи тоа“.

Вели дека сѐ уште не ја видел снимката од поразот со ДК. Јавно му честиташе на противникот за победата, но за ЕСПН додаде дека ударот со прстот во окото влијаел врз неговата изведба. Борбата за момент беше запирена по таа случка, а Кормиер наскоро победи.

„Тоа болеше и дефинитивно малку ме заеба. Не сфатив дека судијата го предупредува заради тоа, се додека не ми кажаа моите тренери. Сите попиздеа поради тоа. Не барам изговори, но тоа срање болеше. И не дека само малку ме брцна, го турна целиот зглоб“.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО