Пакијао се враќа во рингот

Мани Пакијао (62-8-2) ќе се врати во рингот, нешто повеќе од една година откако се откажа од професионалниот бокс. Легендата, поранешен светски шампион во 6 различни категории (рекорд), има намера да одржи егзибициска борба во јануари во Саудиска Арабија.

43-годишниот Филипинец призна дека веќе води разговори во оваа насока, а противник ќе му биде Џабер Зајани. Французинот има 31 година и има 18 последователни победи во професионалниот ринг во лесна категорија. Тие спарираа во различни периоди од нивните кариери.

„Само што ги започнавме преговорите“, коментира Пакијао. Легендата не успеа да стане претседател на својата татковина по поразот на изборите. Последен пат боксираше во август 2021 година, кога изненадувачки загуби на поени од Кубанецот Јорденис Угас.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON