Пакијао се враќа во рингот во почетокот на 2016 година

Mani Pakijao vo borbena pozz

Мани Пакијао може да се врати во рингот во почетокот на 2016 година. Ова го објави промоторот на боксерот, Боб Арум, за „Телеграф“. Арум откри  дека во моментов се водат преговори со британскиот боксер Амир Хан да биде следниот ривал на Филипинецот.

 „Планираме Мани да боксира на крајот на февруари или најдоцна во почетокот на април. Во моментов сме во процес на преговори со адвокатот на Хан – Роберт Дејвис. Не можам со сигурност да констатирам дека преговорите ќе завршат со успех, но во моментот мислам дека сè се нормално се одвиваат. Постои можност дуелот да се одржи во Дубаи, но, најверојатно, арената ќе биде во Лас Вегас“.

Последниот дуел на Пакијао беше во мај, кога загуби од Флојд Мејведер во „борбата на векот“, при што тој се здоби со повреда на рамото.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON