Поранешниот светски шампион во осум категории Мани Пакијао го коментираше поразот од Кубанецот Јорданис Угас.
„Ми беше тешко во рингот да направам прилагодувања и да се прилагодам на стилот на Угас. Мислам дека неговиот стил стана проблем за мене. Не се прилагодив на тоа веднаш. И имав тежина во нозете. Ова ми го отежна движење низ рингот.
Дадов се од себе. Жал ми е. Ова е бокс. Честитки за Јорданис Угас, направи многу добра работа и победи“, изјави Пакијао.
Пакијао се уште не одлучил дали ќе ја продолжи кариерата или време е да ги закачи ракавиците.
„Не знам. Дозволете ми прво да се одморам, да се релаксирам и да одлучам дали ќе продолжам со боксот или не“, додаде Пакијао.
Во исто време, Угас објави дека е подготвен веднаш да му даде реванш шанса на Филипинецот.
„Може да имаме реванш, ако сака. 200 отсто. Мани е одличен боксер, легенда“, рече победникот.