Филипинецот Мани Пакијао (36 години) најверојанто ќе се соочи со дисциплинска постапка, и покрај неуспехот во боксерскиот „меч на векот“ против Американецот Флојд Мејведер. Пакијао загуби со едногласна одлука на судиите во полусредна категорија во Лас Вегас.
Еден час по натпреварот, промоторот на Пакјао, Боб Арум, рече дека неговиот пулен имал проблеми со стара повреда на десното рамо. Вчера, на скенирање во Лос Анџелес, се потврди дека има искинати лигаменти, за што е неопходна хируршка интервенција.
Главниот проблем е што ниту Пакјао, ниту неговиот тим не ја информирале навреме надлежната комисија за повредата на рамото, туку дури пред почетокот на борбата кога побараа антивоспалителна инјекција.
Филипинецот не сакал да му даде на противникот каков било знак на можна слабост или повреда пред почетокот на борбата. Повредата ја здобил за време на тренинг во Лос Анџелес, во минатиот месец, и по консултација со антидопинг ангенцијата на САД, му било дозволено да прими Торадол, нестероидно антивоспалително средство.
Во медицинскиог прашалник, во петокот, во графата за повреда на рамото беше јасно означено “не” , а формуларот е потпишан од страна на Пакјао и неговиот советник. Поради ова, Филипинецот се соочуваа со можни санкции од јавниот обвинител за погрешно пополнување државен формулар.
Исто така, може да бидат покренати тужби од гледачите кои се измамени со плаќањето рекордни суми за билети во МГМ гренд гарден арената или тие што го следеа мечот на ТВ преку „плати за да гледаш“ системот. Некои од најубавите места во арената со капацитет од 16.800 седишта се нудеа за 350.000 долари. Рекордни 300 милиони долари се очекуваат од приходите од „плати за да гледаш“ – најмалку три милиони корисници платија по 100 долари за да го гледаат дуелот на ТВ.