Пакијао негира дека ќе има меч со Амир Хан

Мани Пакијао негираше дека потпишал договор со Амир Хан. Прес-службата на филипинската ѕвезда објави посебно соопштение, како одговор на најавата на Британецот дека има формален договор борбата.

Хан дури ги откри датумот и местото за овој меч – 8 ноември во Саудиска Арабија.

„Мани не потпишал договор за овој меч“, е пораката од штабот на Пакијао.

40-годишниот ветеран ќе се бори оваа сабота со Кит Турман за светската титула.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON