Филипинската боксерска ѕвезда Мани Пакијао уште не го прежалил поразот од Флојд Мејведер (САД). Тие се сретанаа во најпрофитабилниот меч на сите времиња. Средбата беше во мај 2015-та. Тогаш Американецот победи со судиска одлука.
„Изгубив само според мислењето на судиите. Во очите на луѓето бев победник. Уште во третата или четвртата рунда се повредив. Се чувствував како да сум останал со една рака. За среќа, ги издржав сите 12 рунди. Со 38 години не се чувствувам старец. Речиси да имам младешка желба за тренирање. Верувам дека ќе останам во боксот уште две години. Колку мечеви ми остануваат? Можеби три или четири“, рече Пакијао.
https://youtu.be/LhC5PtMWNVo