Филипинскиот боксер Мани Пакјао на спектаклот против Флојд Мејведер ќе носи најскап шорц во историјата на боксот кој вреди вртоглави 1,5 милиони фунти, пренесува „Јаху“.
Пакјао „го продал“ рекламниот простор на шорцот на дури шест различни компании кои ќе платат 1,5 милиони фунти. Имињата на компаниите кои ќе се рекламираат на шорцот на Филипинецот сѐ уште не се познати. Мечот меѓу филипинскиот и американскиот боксер е наречен „борба на векот“, затоа што ќе донесе голем профит.
Историската борба за која постои огромен интерес, но нема повеќе влезници ќе се одржи на 2 мај во Лас Вегас.