Мани Пакијао се обрати на своите следбеници на социјалните медиуми за да ги праша за следниот чекор во неговата кариера.
Неодамна, во јули, филипинската легенда се бореше против Кит Турман, поразувајќи го со едногласна одлука на судиите. Три месеци подоцна, се чини дека ги „трие рацете“ за повторно да влезе во рингот.
„Ми недостасуваат моите фанови. Ми недостасува тренинг-кампот. Не можам да дочекам да се вратам наскоро. Во дуел против кого сакате да го видите? “, напиша Пакијао на Твитер.
Необичната анкета на сенаторот од Филипините предизвика многу контроверзни коментари, со предлози меѓу кои се и Ерол Спенс Јуниор, Шон Портер, Теренс Крафорд, Мајки Гарсија, Амир Хан и реваншот со Турман. Според експертите, најверојатно се Хан и Гарсија, но советот на Пакијао е да се биде внимателен во изборот, бидејќи некои од ривалите што ги предлагаат навивачите можеби потешко се надминуваат.