Пакијао ги откри имињата на тројцата потенцијални противници

По првата победа со нокаут по речиси девет години, Мани Пакијао го повика Флојд Мејведерна реванш, ако Мани повторно се одлучи да се врати од пензија.

Но, тој има три имиња кои се поизвесни противници за неговата следна борба. 39-годишниот Филипинец рече дека чувствува дека може да одработиуште две или три борби.

„Да, Амир Кан е потенцијален противник. Има повеќе потенцијални противници, како Крафорд и Ломаченко“.

Пакјао го нокаутира Лукас Матис во Куала Лумпур во седмата рунда и ја освои „редовната“ титула на ВБА. Федерацијата може да го постави за задолжителен противник на „супер“ шампионот Кит Турман, но се чини дека Филипинецот не се заинтересиран за таа борба.

„Не знам. Но, моментално сум толку среќен. Ова ми е прв пат што го освојам ВБА појасот. Во мојата следна борба сакам да ја бранам титулата, да направам добро шоу и да дадам се од себе во рингот“.

Промотор на Крофорд е Топ Ранг на Боб Арум, кој е и долгогодишен промотор на Пакијао. Иако Топ ранг не беше вклучен во организацијата на борбата на Пакијао-Матис оваа битка би можела да се организира.

Васил Ломаченко се опоравува од операцијата на рамото и во рингот немада се врати пред декември. Неговата кариера, исто така, ја води Топ ранг, но украинскиот тим објави дека борбата со Пакијао доаѓаво предвид само ако тој се спушти во лесна категорија (61,2 кг).

Пакјао и Кан имаа договор за борба во Обединетите Арапски Емирати во 2017 година, но таа пропадна. Во меѓувреме, Британцот потпишаа договор за Мечрум на Еди Херн.

На 8 септември Кан се бори со Колумбиецот Самуел Варгас.

Пакјао за мечот со Матис го тренераше неговиот пријател од детството и долгогодишен помошник тренер Бубој Фернандез. По 16 години  Пакијао ја раскина соработката со Фреди Роуч, но спомна дека повторно би можел да работи со познатиот тренер.

„Роуч е добар тренер. Тој е легенда. Размислувам повторно да почнам да работам со Фреди Роуч“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON