Мек Грегор се угледа на Ѓуро од Ѓуровизија – со електричен велосипед до авионот (ФОТО)

УФЦ ѕвездата Конор Мек Грегор користеше електричен велосипед наместо трансфер со автобус до приватниот авион по неговата посета на Москва, на покана на претседателот на Русија Владимир Путин.

Мек Грегор беше гостин на финалето меѓу Франција и Хрватска (4-2) и уживаше на посебно место на стадионот Лужники во рускиот главен град.

„Се враќам дома на мојот прекрасен остров Ирска“, напиша тој во коментар под својата слика на Инстаграм.

Како што е познато, за време на посетата на Русија Конор Мек Грегор го нарече Владимир Путин „еден од најголемите лидери на нашето време“, со што го навлече гневот на многумина свои фанови.

https://www.instagram.com/p/BlQwXEBAHlN/?utm_source=ig_embed

.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО