Филипинскиот боксер, Мани Пакијао, истакна дека во текот на следната година ќе се врати на рингот. Последната борба Мани (36) ја загуби на поени од Американецот Флојд Мејведер на 2 мај во Лас Вегас. Подоцна стана јасно дека Филипинецот против Мејведер се борел со повредено на рамо. По „мечот на векот“ во Лас Вегас, тој го оперираше повреденото рамо и сега е на рехабилитација.
„Подготвен сум наредната година да летам на реванш со Мејведер. Се е во ред и ќе издржам“, е краткиот коментар на филипинската ѕвезда.