Пред неколку дена менаџерот на Топ ранк, Боб Арум, сензационално изјави дека ѕвездата на филипинскиот бокс, Мани Пакијао, може повторно да се врати во рингот.
Сепак, денес, Пакијао ја демантираше оваа информација и ги негираше зборовите на поранешниот менаџер. Филипинецот изјави дури и дека не размислува за такво нешто.
Поранешниот шампион се повлече во април и се посвети на политиката.