Home Blog Page 3

На „Македонскиот бисер“ утре ќе настапат борачи од девет репрезентации

Утре во Скопје ќе се одржи 49.Македонски бисер на кој ќе настапат репрезентациите на Македонија (А и Б репрезентација), Бугарија, Албанија, Косово, Грција, Романија, Хрватска и Србија.

Македонскиот бисер ќе се одржи во спортската салка „Зефљуш Марку“ во Чаир.

Од 11 до 14 часот се кавлификациите, а свеченото отворање и борбите за третото место и финалето се од 17 часот.

Мани Пакијао се враќа! Ќе се бори за титулата на ВБЦ

Познатиот боксер Мани Пакијао ќе се врати на рингот за да се бори со Марио Бариос за шампионската титула во велтер категорија на ВБЦ (Светски боксерски совет) на 19 јули во Лас Вегас, објави денес ЕСПН повикувајќи се на свои извори. Иако неофицијално се натпреваруваше, Мани Пакијао всушност ќе се врати на рингот по четиригодишна пауза.

46-годишниот Филипинец освои светски титули во осум различни категории – од мува до велтер категорија. А кариерата ја заврши во 2021 година по 72 борби, во кои постигна 62 победи, дозволи осум порази и забележа два нерешени резултати.

Во текот на последните години од својата кариера на рингот, Мани Пакијао влезе и во политиката, служејќи како сенатор шест години – од 2016 до 2022 година. Тој се кандидираше и за претседател во 2022 година, но загуби. Моментално повторно води кампања, бидејќи се обидува да се врати во Сенатот, а изборите се на 12 мај.

Пакијао, чија брза работа со нозете и молскавично брзата брзина на удари го направија еден од најдобрите офанзивни боксери во историјата, следниот месец ќе биде примен во Меѓународната боксерска куќа на славните.

Вредрана Тунески и Јана Спироска ќе ги бранат боите на Македонија на СП во таеквондо за кадети во Фуџаира

Вредрана Тунески и Јана Спироска ќе ја претставуваат Македонија на Светското првенство за кадети, кое ќе се одржи во Фуџаира, Обединетите Арапски Емирати, од 10 до 14 мај.

Ведрана Тунески од ТКД Бутел ќе настапи во категоријата до 44 килограм. Таа веќе има освоено сребрен медал од Европско првенство – пионери.

Јана Спироска од ТКД Охрид Хва ранг фист ќе настапи во категоријата до 55 килограми.

Репрезентативките се предводени од помошник селекторот Викторија Спасовска.

Зоран Пејов е дел од инструкторскиот тим на Големиот балкански карате семинар во Видин-Бугарија

Сенсеи Зоран Пејов е дел од инструкторскиот тим во четвртото издание на Големиот балкански карате семинар кој почнува утре во Видин-Бугарија.

Секако во инструкторскиот тим се и домаќинот сенсеи Тони Петров, Милан Ѓокиќ од Србија, а на оваа издание се приклучува и романскиот карате мајстор Лучијан Бреабан.

Учесници на семинарот ќе има и од Хрватска, притоа од 100-ната каратисти над 50 се со мајсторски појаси.

На семинарот ќе се вежбаат традиционални техники, кумите ВКФ, ката и самоодбрана.

Семинарот налето треба да продолжи во Охрид, каде што домаќин ќе биде сенсеи Милан Ѓокиќ, и потоа во Скопје во Карате центар Пејов под водство на сенсеи Зоран Пејов.

Кадетската репрезентација во борење денес ги почнува борбите на турнирот во Романија

Македонската репрезентација во борење за кадети (У-17) од денес до 11 мај ќе учествува на Меѓународниот турнир „Константин Александру & Јоан Поповичи” во Букурешт, Романија.

Турнирот е дел од  официјалниот календар на Светската боречка федерација (УВВ),истиот е тест за спортската форма на борачите.

По овој турнир започнуваат завршните подготовки пред учеството на Европското првенство кое што ќе се одржи  во Скопје 09-14 јуни.2025 година.

Во состав на македонската репрезентацијата се:

Андреј Мишев -45кг
Елмедин Ајрулаи -45кг
Леон Манов  -48кг кг
Никола Гицев -51 кг
Суфијан Синани -60 кг

Фросина Атанасова -43 кг
Бојана Ковачова -53 кг
Садие Дура -53 кг
Ангела Трајковска -57 кг
Тамара Цветановска -61 кг
Нина Славевска -69 кг

Тренери на екипата се Мики Тодоров и Марјан Христов, а судија Гоце Ангелов.

„Се борев со Џон Џонс и Вандерлеј Силва, но никој не ме удри посилно од Федор“!

Квинтон „Ремпејџ“ Џексон се осврна на својата легендарна ММА кариера, која опфаќа над 50 професионални борби.

На врвот на својата кариера во 2007 година тој го нокаутира Чак Лидел и стана шампион на УФЦ. Тој се бореше и со Џон Џонс, Вандерлеј Силва, Чаел Сонен, Гловер Тешеира, Лиото Мачида, Ден Хендерсон, Маурисио „Шогун“ и многу други значајни борци за време на неговата неверојатна кариера.

Сепак, Џексон вели дека никој никогаш не го удрил посилно од човекот кој ефикасно го пензионира пред нешто повеќе од пет години. Во декември 2019 година, „Ремпејџ“ се соочи со легендарниот Федор Емелијаненко.

Руската суперѕвезда, која многумина ја сметаат за најголемиот ММА тешкаш на сите времиња, веќе беше далеку од својот најдобар период кога се бореше со Џексон. Сепак, Емелијаненко лесно победи, нокаутирајќи го Џексон за помалку од три минути на Белатор 237.

Џексон падна со лицето на подот откако доби силен удар со десна рака од „Последниот император“. „Ремпејџ“ никогаш официјално не се пензионира, но оттогаш не се борел.

Сега Џексон призна дека никој никогаш во целата кариера не го удрил посилно од Федор во таа последна борба.

„Најсилниот удирач, велев дека беше Кевин Рендлман. Почивај во мир. Но, сега морам да кажам дека беше Федор“, изјави Џексон за Балди елбоу.

Можете да ја гледате таа борба во видеото подолу.

Женскиот кумите тим славеше против Турција на ЕП, повредата го спречи победоносниот од на Матеј Белистојаноски

Матеј Белистојаноски беше на победонички патеки на Европското карате првенство за сениори во Ереван, Ерменија, но повреда го одалечи од понатамошните борби, бидејќи и трета ја имаше добиено, односно водеше 3-0 против репрезентативецот на Белгија, но мораше да го напушти татамито.

Матеј имаше голема шанса да се вмеша во борбата за медали, но и повредите се дел од спортот.

Фаук Весели извојува две победи, во третата борба загуби, но неговиот противник не се пласира во финалето и не доби шанса во репасажот.

Женскиот кумите тим извојува голема победа против Турција од 2-0, а утре ќе се борат против Шведска. Машкиот кумите тим ќе ги одмери силите со Косово.

Единствената шанса за медал на ова ЕП се кумите тимовите.

Во Ерменија учествуваат најдобрите 500 спортисти од 51 држава.

Да потсетиме дека лани Михаела Мишовска се закити со сребрениот медал од Европското првенство во Задар, Хрватска.

Резултати – Европско првенство сениори:

Борби

-50 кг
Михаела Мишовска – Ѓулсен Демиртурк (Турција) 1-6

-55 кг
Симона Заборска – Мигле Литкевичиуте (Литванија) 2-3

Македонија – Турција 2-0
Македонија – Шведска

-60 кг
Фаик Весели – Нематолах Ноори (Шведска) 3-2
Фаик Весели – Доминик Имрич (Словачка) 2-1
Фаик Весели – Кенан Силјак (БиХ) 4-6

-67 кг
Матеј Белистојаноски – Боран Берак (Хрватска) 2-0
Матеј Белистојаноски – Олег Мејлхин (ЕКФ) 10-1
Матеј Белистојаноски – Хај Амар Јунес Улад (Белгија) 3-0

Македонија – Косово

Кати

Македонија – Црна Гора 34,40-36,60
(Владанка Аврамова, Данка Стојкова и Тамара Ристовска)

Во сабота во Охрид финале на Опен балкан купот на 3.Меморијален турнир „Алексо Огеновски“

Во сабота во Охрид ќе се одржи финалето Опен балкан купот/ Лига на олимписки надежи, односно 3.Меморијален турнир „Алексо Огеновски“.

Борбите ќе почнат во 12:30 часот на Кеј Македонија.

Од Македонија ќе настапат повеќе боскери.

Лига на олмписки надежи

Кадети
40 кг Мухамед Мемедов (Пинк пантер) – Лазар Стевановиќ (Топлица)
40 кг Алишан Рустемовски (Пелистерски јунак) – Максим Ковачевиќ (Ц. Ѕвезда)
44 кг Михаил Аврамовски (Алексо Огеновски) – Аљбјоин Дервиши (ААА бокс клуб)
44 кг Марко Чурлиновски (Пинк пантер) – Младен Гавриловиќ (Јован Курсула)
54 кг Лучиќ Тодор (Војводина) – Џан Билјали (Куманово 84)
57 кг Иса Бајрам (Пинк Пантер) – Урош Ковачевиќ (СБ Белка)

Опен Балкан куп

Јуниори
46 кг Петар Трајчевски (Алкесо Огненовски) – Павле Павловиќ (Лукач)
52 кг Ардит Делиу (ААА б.к.) – Арабел Рустемовски (Пелистерскиј.)
52 кг Теодор Јосилјевиќ (Крушевац 037) – Лазар Димитров (Штип)
54 кг Андреј Мајкиќ (Алексо Огненовски) – Зоран Ивковиќ (Константин)
57 кг Матеј Смилевски (Ронин) – Димитрије Амиџиќ (Професионалац)
70 кг Бојан Георгиев (Штип) – Василие Милојевиќ (Лукач)
70 кг Кирил Рајков (Аперкат) – Филип Кањука (Војводина)
+80 кг Бојан Мачковски (Пелистерски ј.) – Душан Манојловиќ (Србија)

Млади
54 кг Христијан Стојаноски (Алексо О.) – Зилко Машовиќ (Нови Пазар)
60 кг Унејс Котони (ААА бокс клуб) – Александар Панов (Пинк пантер)
63,5 кг Синиша Талевски (Пелистерски ј.) – Матеја Велиќ (Раднички КГ)
67 кг Василие Ѓургевиќ (Јован Курсула) – Јоаким Јовановски (Куманово 84)

Сениори
60 кг Александар Цакиќ (Војводина) – Адријан Рустемовски (Пелистерски ј.)
63,5 кг Методија Шостер (Универзалци) – Велјко Славниќ (Војводина)
67 кг Лука Трифуновиќ (Илинден) – Кирил Димитров (Бугарија)
71 кг Јелмин Алмуца (ААА б.к) – Енис Алиу (Алексо О.)
71 кг Урош Милошевиќ (Вукови са Дрине) – Наум Стојаноски (Алексо О.)
75 кг Цветко Митревски (Шкупи) – Бесјан Карај (ААА бокс клуб)
80 кг Никола Кискоски (Аперкат) – Сеад Икановиќ (Константин)

Македонија ќе настапи на големиот Меѓународен џиу џицу турнир „Лозница опен“

На големиот Меѓународен џиу џицу турнир „Лозница опен“ во Србија, кој што е влезен во европскиот календар, нашата репрезентација ќе настапи под името Тим Македонија.

Боите на Македонија ќе ги бранат:

Катерина Ацевска – сениори, +70 кг
Катерина Ацевска –сениори, неваза, +70 кг
Зоран Колевски – У21 -69 кг
Зоран Колевски – У21 неваза -69 кг
Марија Треневска – У16 +63 кг
Марија Треневска – У18 -70 кг
Даниел Костадиновски – сениори, неваза, -77 кг
Данил Николиски – У21 -56 кг
Данил Николиски – сениори -56 кг
Нина Карева – У16 -48 кг
Матеј Нофитов – У14 -69 кг
Наум Грпов – У16 -56 кг
Никола Коцев У12 -32 кг

Селектор е Александар Ацевски, а помошен тренер Христијан Јованов, како и судијата Ицо Колевски.

Турнирт поради голем број на пријавени борци за борби и за неваза ќе се одржи во два дена. Пријавени се рекордни 1000 натпреварувачи.

50. Лорд куп со донаторски карактер за настраданите од дискотеката во Кочани

Јубилејниот карате натпревар 50. Лорд куп – традиција создадена со карате пријателите, а со мотото парите не се секогаш најважни, детската радост нема цена ќе се одржи на 10 мај во спортската сала „Марко Божиновски“ во Ново Лисиче, Скопје, и ќе има донаторска црта.

Имено, ќе биде поставена кутија за дарување средства за немилиот настан во Кочани во кој имаше повеќе настрадани и повредени лица.

„Сите присутни, се разбира возрасните, без разлика во кое својство ќе бидат присутни на јубилејниот куп, ќе имаат можност да донираат средства како помош за настраданите во кочанската дискотека „Пулс“, истакнуваат од КК Аеродром, организатор на турнирот и нагласуваат:

„Родители, гости, официјални лица, намерници и други кои ќе имаат желба, финансиска можност и расположение, ќе може да уфрлат износ кои самите ќе го определат спрема своето чувство и финансиската моќ“.

На крај од јубилејниот куп, комесарот, главниот судија и претставник од Карате клубот Аеродром ќе ја отворат кутијата, ќе ги пребројат и ќе објават колку средства се собрани.
Во рок од неколку дена КК Аеродром ќе ги уплати собраните средства за Кочани и јавно ќе ја презентира уплатницата.

„Секоја донација, без разлика на износот, ќе биде добредојдена за поткрепа на настраданите во кочанската несреќа“, велат од Карате клубот Аеродром.

IPON