Home Blog Page 2

Каратистите ги добија противниците, утре ги почнуваат борбите на Европското првенство

Вечерва беше направено жребување на Европското карате првенство за сениори во Ереван, Ерменија, кое почнува утре и ќе трае до 11 мај.

Нашите каратисти ги добија противниците. Условно може да се рече дека некои добија полесни противници, бидејќи сите се подготвени и ќе бркаат добар резултат.

Лани Михаела Мишовска се закити со сребрениот медал од Европското првенство во Задар, Хрватска.

Во Ерменија учество ќе земат најдобрите 500 спортисти од 51 држава.

Европско првенство сениори:

Борби

-50 кг Михаела Мишовска – Ѓулсен Демиртурк (Турција)
-55 кг Симона Заборска – Мигле Литкевичиуте (Литванија)
-61 кг Вероника Костовска – Нина Раѓеновиќ (Швајцарија)/Марие Приглова (Чешка)
-68 кг Ангела Мојсовска – Влера Ќерими (Косово)
+68 кг Ердона Зибери – Ана Рита Оливеира (Португалија)

Македонија – Турција

-60 кг Фаик Весели – Нематолах Ноори (Шведска)
-67 кг Матеј Белистојаноски – Боран Берак (Хрватска)
-75 кг Мурсел Месини – Даниеле де Виво (Италија)
-84 кг Петар Спасеновски – Хендрик Конфијак (Франција)
+84 кг Стефан Стојановиќ – Александер Девиес (Луксенбург)

Македонија – Косово

Данило Божовиќ кумите тим мажи
Викторија Јовановска кумите тим жени

Кати

Владанка Аврамова – Марија Манум Моен (Норвешка)

Македонија – Црна Гора
(Владанка Аврамова, Данка Стојкова и Тамара Ристовска)

Сол Алварез е на добар пат да стане првиот милијардер во историјата на професионалниот бокс

Мексиканската боксерска суперѕвезда Сол Алварез- Канело е на работ на историски финансиски пробив – тој би можел да стане првиот милијардер во историјата на професионалниот бокс, според неговиот менаџер Ричард Шефер, кој повторно се здружува со Канело по нивната претходна соработка во „Голден бој промоушнс“.

Според Шефер, кој има долгогодишно искуство во финансискиот сектор и боксерскиот бизнис, Канело не е само еден од најдобрите боксери на својата генерација, туку и најдобриот стратег во светот на боречките спортови. „Канело е без сомнение најпаметниот бизнисмен во боксот што некогаш сум го сретнал“, рече тој. „Ќе му помогнеме да собори нова граница. Тој ќе стане првиот боксер што ќе ја премине границата од милијарда долари. Не се сомневам во тоа. Кога? Веројатно следната година“.

Предвидувањето не изгледа далеку од реалноста. Само според „Форбс“, Алварез веќе заработил околу 600 милиони долари во кариерата досега, а неговите приходи од спонзорства, рекламни кампањи и разни деловни потфати продолжуваат да се зголемуваат. Тековниот договор на Мексиканецот вклучува четири борби како дел од таканаречената „Сезона во Ријад“, при што првата беше на 3 мај против Вилијам Скул, а следната – долгоочекуваниот судир со Теренс Крофорд – е закажана за 12 септември и ветува дека ќе биде еден од настаните на годината.

Шефер, кој го познава Алварез уште од тинејџерските години, не ги крие своите лични симпатии кон него. „Имам голема среќа. Го познавам од 17 години, а сега има 34“, рече тој. „Завршив со боксот и среќно се опуштав кога ми се јави и ми ја понуди работата. Тој е мој пријател и многу сум среќен што работам за и со него, справувајќи се со сите различни аспекти: преговарање на борби, сите други деловни и слични работи“.

Канело против Крофорд – „Борбата на векот“ ќе ја отвори новата лига ТКО бокс

Една од најочекуваните боксерски борби во последните години сега е официјална: Сoл Алварез-Канело ќе се соочи со Теренс Крофорд на 12 септември во Лас Вегас. Борбата ќе биде првиот настан од новата TKO боксерска лига, создадена претходно оваа година од Турки Алалших во партнерство со ТКО груп, матичната компанија на УФЦ и ВВЕ.

Во исто време, на Алварез му беше претставен и новиот шампионски појас на списанието Ринг, кој ќе биде заложен во мега борбата против Крофорд. Саудискиот спортски промотор прецизираше дека токму овој појас ќе го брани Канело, а вечерта ќе ја организира претседателот на УФЦ, Дана Вајт.

„Ќе ја одржиме „борбата на векот“ под брендот „Сезона во Ријад“ на 12 септември, на стадионот Алегијант во Лас Вегас“, напиша Алалших на социјалните мрежи. „Легендарниот Сол Алварез – Канело ќе го брани појасот на „Ринг“ против големиот Теренс Крофорд. ТВ платформата ќе биде објавена наскоро – и тоа ќе биде големо изненадување. Јас и мојот брат Дана Вајт ќе водиме првата вечер на бокс со ТКО бокс. Ќе биде нешто лудо“!

Чимаев за борбата со ду Плесис: Се подготвувам да извршам убиство!

Во последните недели љубителите на ММА со нетрпение очекуваа вести околу борбата меѓу Хамзат Чимаев и Дрикус ду Плесис.

Се шпекулираше дека двајцата ќе бидат главни ѕвезди на настанот УФЦ 317 кој ќе се одржи кон крајот на јуни во Лас Вегас. За жал, се појави информација дека ду Плесис е повреден и дека борбата нема да се одржи на тој датум. Чимаев не беше среќен, а подоцна ду Плесис откри дека нема повреда и дека борбата ќе се одржи, но не во јуни.

Пред нешто повеќе од една недела, Дана Вајт изјави дека борбата е договорена и дека наскоро ќе биде официјално објавена. До денес, борбата сè уште не е објавена, но приврзаниците знаат дека доаѓа. Чимаев веќе е во камп, а веројатно и ду Плесис. Дрикус верува дека ќе може да ја задржи титулата против непоразената чеченска ѕвезда.

Неодамна, тренерот на ду Плесис, Морне Висер, изјави дека се подготвуваат за војна против Чеченецот. Сепак, Чимаев се подготвува за нешто друго:

„Нека се подготвуваат за војна. Јас се подготвувам за убиство!“, рече Чимаев преку Адам Зубајрев.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by HOME OF FIGHT (@homeoffight)

Оливер Станков, потпретседател на НБФ: Тројца боксери ќе учествуваат на олимписките квалификации

Оливер Станков е тренер на БК Аперкат од Скопје и потпретседател на Боксерската федерација на Македонија, со кого разговаравме на повеќе теми за боксот во нашата земја.

Како потпреседател на Боксерската федерација како ја оценувате досегашната работа?

-Да се заблагодариме за вашето ангажирање на единствената страница за боксот во Македонија. Со новото раководство и во Управниот одбор за прв пат имаме член кој е жена, воедно и супервизор во боксерската лига. Задоволен сум од досегашната работа на федерацијата.

Кој е најголемиот предизвик што ве очекува годинава?

-Наш најголем предизвик е организацијата на Националната боксерската лига. Младите боксерски да учествуваат на повеќе натпревари надвор од државата, воедно и да се организира еден од најстарите турнир во Европа, Златниот гонг, за кој уште во март е направена комисија за организација на турнирот.

Стартуваше Првата и Младинска лига по новиот начин на пријавување за натпреварите. Кои се првите впечатоци од овој систем?

-За прв пат имаме новости каде што лигата се пренесува преку Стриминг на страницата на федерацијата и пријавувањето на натпреварувачите се одвива по електронски пат.

Што може да очекуваме од македонските боксери на меѓународната сцена?

-За подобар успех на меѓународна сцена, клубовите треба да работат повеќе за да можеме да ги стигнеме посакуваните резултати.

Златниот гонг се враќа во редовниот термин (ноември). Ќе има ли звучни имиња?

-Веќе се пуштени покани до повеќе земји за да го пријават учеството и воедно очекуваме да биде многу квалитетен турнир, каде што веќе интересот на репрезентациите расте.

Освен Златниот гонг, на кои други турнири ќе се даде акцент?

-Не очекуваат голем број на турнири, меѓу кои би ги издвоил Опен Загреб, Златна ракавица и други.

Како што дознаваме од боксерските кругови, налето во Охрид треба да се случи нешто големо. За што станува збор?

-Очекуваме еден голем настан, но сепак да оставиме да се дефинираат деталите.

Меѓународниот олимписки комитет го призна Светскиот бокс за кровна организација која ќе ги спроведува олимписките квалификации, а и наши соседи и пријатели од регионот се префрлија во оваа организација. Какви се насоките на БФМ по ова преашање?

-БФМ веќе има поднесено барање за пристап кон „Ворлд боксинг“, истото е одобрено од сите клубови во Македонија, при што на последниот Управен одбор е решено да учествуваат 3 боксери со 1 тренер со поддршка на Олимписки комитет на првиот турнир организиран од Ворлд боксинг кој ќе одржи следниот месец во Холандија.

Во Првата и Младинска лига вашиот клуб Аперкат во првото и второто коло имаше добар настап. Која ќе биде целта во оваа година?

-Оваа година, како и секоја, ќе се трудиме да ги извадиме најдобрите резултати во лигата. Првото коло се оддржа во Штип каде што учествувавме со 4 боксери, додека второто коло се оддржа во Делчево каде што имавме четири пријавени боксери, а само за тројца имаме противници. Забележавме две победи и еден пораз.

Има ли наследник најсупешниот боксер на клубот, но и на Македонија во перидот додека боксираше, Гоце Јанески?

-Има три таленти во клубот кои имаат потенцијал да го постигнат успехот на Гоце, но останува времето и нивната пожртвуваност да покажат.

Каква е иднината на македонскиот бокс?

-Иако имавме застој, по завршеното Балканско првенство минатата година, се покажа дека Македонија има таленти кои што можат да постигнат поголем успех.

Што ќе им порачате младите надежи и оние кои сакаат да се занимваат со бокс?  

-Да бидат редовни на тренинзите, да бидат дисциплинирани и мотивирани, мотото на нашиот клуб е „Тренирај за да бидеш шампион“

Каква е иднината на женскиот бокс?

-БК Аперкат работи за промоција на женскиот бокс кој во моментот станува се попопуларен.

Карате репрезентацијата отпатува на Европското првенство во Ереван

Македонската карате репрезентација отпатува на Европското првенство во Ереван, Ерменија, што ќе се одржи од 7 до 11 мај.

Нашите каратисти ќе се обидат и оваа година да го продолжат континуитетот на освојување на медали од големите натпреварувања.

Лани Михаела Мишовска се закити со сребрениот медал од Европското првенство во Задар, Хрватска.

Боите на Македонија во борби на ЕП ќе ги бранат:

Борби

-50 кг Михаела Мишовска
-55 кг Симона Заборска
-61 кг Вероника Костовска
-68 кг Ангела Мојсовска
+68 кг Ердона Зибери

-60 кг Фаик Весели
-67 кг Матеј Белистојаноски
-75 кг Мурсел Месини
-84 кг Петар Спасеновски
+84 кг Стефан Стојановиќ

Данило Божовиќ кумите тим мажи
Викторија Јовановска кумите тим жени

Кати

Владанка Аврамова
Данка Стојкова ката тим жени
Тамара Ристовска ката тим жени

Усик: Кој ме удри најсилно? Не, не беше Дубоа! Коњот всушност ме удри најсилно

Два и пол месеци сме далеку од борбата меѓу Александар Усик и Даниел Дубоа. Двајцата моментално најдобри тешкаши во светот ќе имаат реванш на 19 јули на стадионот Вембли, со очекувани речиси 100.000 гледачи.

Првата борба меѓу Усик и Дубоа беше во летото 2023 година. Борбата се одржа во Вроцлав, Полска, а Усик победи со прекин во деветата рунда. На прекинот му претходеше контроверзна ситуација во петтата рунда. Дубоа зададе удар кој беше на границата на низок. Судијата го прогласи за нелегален удар под појасот, но многумина веруваат дека ударот паднал во стомакот на Усик. Украинецот доби пет минути да се опорави од нелегалниот удар, а додека се појавуваше со Дубоа во емисијата на Пирс Морган, водителот го праша Усик:

„Дали го доби најтешкиот удар во животот од Дубоа“? – праша Морган, а Усик даде интересен одговор.

„Хм, не! Примив удар од коњ. Работев на фарма, се обидов да ги исплашам коњите и тогаш добив удар. Ме клоцна во главата и бев „угасен““, одговори Усик, и ја раскажа целата приказна на свој уникатен и многу хумористичен начин, на големо изненадување на водителот Морган.

Дибоа се вклучи во разговорот. Англискиот тешкаш тврди дека всушност не го удрил Усик со својот најсилен удар.

„Не мислам дека го удирав најдобро. Всушност, последниот пат кога се боревме не ја почувствува мојата сила. Ги избегна моите најсилни удари, но овој пат ќе го победам“,- ​​велеше Дубоа, но Усик го прекинуваше на урнебесен начин.

„Секако, не сум коњ. Коњот удира еднаш, јас удирам „еден-два, еден-два, еден два… ту ту ру ту ту ду…“. Мојот противник ќе се прашува што се случува и ќе ми вика да престанам“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Happy Punch (@happypunch)

Потоа водителот Пирс Морган повторно се јави, давајќи му до знаење на Усик дека направил пауза од четири минути по контроверзниот удар на Дубоа. Водителот истакна дека мора да бил многу силен удар, ако морал да прави пауза толку долго.

„Не е вистина дека направив пауза од четири минути, најмногу две. Добив пет минути и реков дека сум подготвен да ја продолжам борбата. Тој не може да ме запре со своите удари, тоа беше валкан удар“, одговори Усик.

Гостувањето на Усик и Дубоа во емисијата на Морган траеше речиси 50 минути, а снимката од целата емисија можете да ја погледнете подолу во овој текст.

Рој Џонс Јуниор откри што мисли за ударот на Дубоа со кој го собори Усик во првиот меч

Одличните боксери Александар Усик и Даниел Дубоа на 19 јули на Вембли ќе се борат за апсолутната титула светски шампион во тешка категорија, а тоа ќе биде втора борба во нивните кариери.

Нивната прва борба се одржа во август 2023 година на стадионот Вроцлав, кога Усик го победи Дубоа со нокаут во деветата рунда. Шампионот доминираше во борбата и го погоди противникот со одлични комбинации.

Во петтата рунда Британецот го удри Усик под појасот, што предизвика борбата да биде прекината за момент. Александар доби неколку минути да се опорави, а потоа неколку рунди подоцна, тој ефикасно ја заврши борбата.

Даниел, неговиот тренер Дон Чарлс и промоторот Френк Ворен, оттогаш повторуваат дека ударот во телото во петтата рунда бил легален, а судијата требало да му брои Усик.

Поранешниот светски шампион во четири категории, Рој Џонс Јуниор, се согласува, забележувајќи дека знае колку боли таков удар.

„Мислам дека не беше низок удар, туку многу добар удар… Понекогаш ударот паѓа на границата и го соборува противникот“, рече американската боксерска легенда.

Оттогаш, 27-годишниот Дубоа е во победничка серија во која ги победи Џарел Милер, Филип Хрговиќ и Ентони Џошуа.

Непоразениот Украинец ги носи на рингот титулите на ВБЦ, ВБА и ВБО кои успешно ги одбрани во реваншот против Тајсон Фјури, додека Дубоа ќе го заложи појаост на ИБФ, кој го одбрани минатата година со нокаутирање на Еј Џеј.

Фото: Квинсбери

Владимир Димитриевиќ херојски до бронзата на Европското таеквондо ИТФ првенство во Естонија

Владимир Димитриевиќ е нашиот херој од Европско таеквондо ИТФ првенство во Талин, Естонија, освојувајќи бронзен медал во борби.

Ова е шесто последователно Европско првенство од кое МТТФ се враќа со медал, Владимир Димитиревиќ е нашиот херој.

Од МТТФ велат дека ова е најтешко заработен медал на ЕП.

„Конкуренцијата беше преголема, доминираа големите репрезентации , а покрај тоа, доминараше и пристрасноста на судиите која беше во корист на големите репрезентации. Ова беше најтешкото и најдраматично Европско првенство на кое имаме учествувано досега, бидејќи уште на стартот бевме оштетени со жрепките, без право на приговор и корекција“, вели претседателот на МТТФ Марјанчо Лазаревски и додаде:

„Владимир Димитиревиќ еден од нашите најдобри репрезентативци и е херојот на нашата Федерација, кој се закити со бронзен медал во спаринг борби, јуниори 16-17 години, -75 кг, која е една од најтешките категории. Поради оправдани причини организацијата на Европското првенство малку се одолговлечи, со што нашите натпреварувачи мораа да ги одработат своите борби покасно. Тројцата јуниори 16-17 години, требаше да ги одработат бробите во саботата на 3 мај, додека полуфинални и финални борби требаше на 4 мај. Владимир ја имаше таа среќа, неговата категорија не успеа да заврши навремено во планираниот рок, па  четвртфиналната борба се одложи за утрото на 4 мај. Претходно славеше над претставникот од Италија.  Утрото на 4 мај неговата борба за медал почна во 09:35 часот, против чешкиот рапрезентативец, Владимир беше мотивиран и подготвен за освојување на медал по секоја цена, при што не му дозволи на Чехот да преземе иницијатива, домирајќи цело време на борилиштето, но на крајот од борбата пристрасноста на судиите ја изедначи, па мораше и трета рунда. Од старт Владимир презеде иницијатива со што не им остави прсотор на судиите да можат да го оштетат и најзаслужено победи за бронзен медал. За жал поради авионскиот лет, мораше службено да ја предадеме полуфиналната борба за да стигнеме на аеродром, па моравме да се задоволиме само со бронзен медал, не знаејќи дали Владимир Димитриевиќ ќе беше прв или втор во неговата категорија. Ова е негов прв медал до Европско првенство што значи неговиот квалитет оди во нагорна лиинија, и се надеваме дека ќе не радува со уште поголеми успеси во иднина“.

Лазаревски вели дека Владимир Димитриевиќ навистина се истакнува со својот успех.

„Овој успех е голем подвиг, не само за него, туку и за цела Македонија, бидејќи покажува како посветеноста, напорната работа и вештините можат да доведат до сјајни резултати на меѓународна сцена. Освојувањето медал на вакво натпреварување во едно толку конкурентно поле е одличен показател за неговиот талент и упорност. Такви херојски моменти ја потврдуваат неговата посветеност на спортот и мотивацијата која ја пренесува на други да се стремат кон врвот“, вели Лазаревски.

„Давид Крстески кој еден од нашите најдобри натпреварувачи, во спаринг борби, јуниори 16-17 год.  – 63 кг. Во неговата категорија ги победи атрактивно претставниците на  на Англија и Бугарија, но во четвртфиналната борба  против противникот на Украина беше поразен од страна на судиите, а иста судбина ја имаше и Христијана Парулеска претходно победувајќи ја претставничката на  Германија, но во четврфинале,  исто како и Давид беше поразена  од судиите во корист на Украина. Со нив и Миа Танеска, нашата дебитантка ја имаше истата судбина против Украина. Марио Крстески имаше извонредна прва рунда против поранешен евроспки шампион, но поради повреда во втората рунда, не можеше да продолжи со натпреварување. Божидар Димитриевиќ во сениори  во категорија -92 кг, имаше одлични борби против натпреварувачите од Грција и Бугарија, додека против неколкукратниот светски и европски шампион од Украина, Дмитро Пилинкевич, беше немоќен, со што како  релативно млад во сенироската категорија,  покажа дека е оправдано неговото место во репрезентацијата.

Како мала репрезентација, сепак сум презадоволен од настапот на нашите репрезентатвици, ова е шестто последователно Европско првенство на МТТФ каде континуирано се враќаме со медал, што не прави  една од поуспешните федерации“, изјави Марјанчо Лазаревски претседател и национален тренер на МТТФ.

 

Ентони Џошуа истакнува дека Џозеф Паркер заслужува да се меч против победникот од борбата Усик-Дубоа

Непоразениот Александар Усик ова лето се бори против Даниел Дубоа за неприкосновената светска титула во тешка категорија.

Фантастичниот украински борец го победи Дубоа со нокаут во 2023 година, а потоа го победи Тајсон Фјури уште двапати.

Усик ги обедини појасите во тешка категорија кон средината на мај минатата година, а потоа го ослободи појасот на ИБФ за да договори реванш со „Џипси Кинг“.

Титулата му припадна на Дубоа, кој неколку недели претходно го победи Филип Хрговиќ во меч за привремената шампионска титула на ИБФ.

Даниел го одбрани појасот во септември минатата година со нокаут во петтата рунда на Ентони Џошуа.

Ревваншот меѓу Усик и Дубоа е закажан за 19 јули на стадионот Вембли во Лондон.

Поранешниот двократен светски шампион Џошуа, кој покрај поразот од Дубоа, двапати загуби и од Усик, истакнува дека Џозеф Паркер заслужува борба за титулата.

„Дали сакате да бидам целосно искрен? Во овој момент, Паркер ја заслужува повеќе од мене“, рече Ентони Џошуа.

Поранешниот шампион на ВБО, Џозеф Паркер, требаше да се бори против Дубоа во февруари, но шампионот на ИБФ се откажа од борбата поради болест само два дена пред борбата. Новозеландецот се бореше со Мартин Баколе, кој влезе како замена, и победи со прекин во втората рунда.

IPON