Хорхе Масвидал забележа пад на ранг-листата во полусредна категорија откако беше нокаутиран од шампионот Камару Усман во главната пресметка на настанот УФЦ 261 минатиот викенд.
Од денес, Масвидал е број 5 на ранг-листата, што е пад во споредба со претходното рангирање. Стивен Томпсон, кој е веќе 4-ти, го искористи ова.
Има промена во рангирањето на уште шест борци.
Како што стана извесно Хамзат Чимаев се врати на ранг-листата и од денес го зазема последното – 15-то место.
Напредок со едно место забележаа петте борци кои се пред Чеченецот на ранг-листата -Џоф Нил сега е број 10, Ли Занлијан – 11-ти, Билал Мохамед – 12-ти, Шон Брејди – 13-ти и Роби Лоуер – 14-ти.
Нема промени кај првите тројца. Првиот предзивикувач е Колби Ковингтон. По него е Жилберт Барнс, а топ 3 го комплетира Леон Едвардс.