Овинс Сент Про и Илир Латифи потврдени за борба на УФц на Фокс 27

УФЦ одлучи да ја исполни желбата на двајца полутешкаши и да ја договори нивната меѓусебна борба. Така Овинс Сент Про и Илир Латифи ќе се борат на УФЦ на Фокс 27, кој се одржува на 27 јануари во Шарлот.

Дуелот е меѓу петиот и деветиот борец на УФЦ топ листата и борци кои доаѓаат по победите во нивните последни настапи. Сент Про (22-10, 10-5 УФЦ) всушност има серија од три победи, со кои ја прекина серија од три порази, а оваа година настапи дури четири пати. Во февруари тој беше поразен од Волкан Оездемир, со контроверзна подолена одлука на судиите, што беше причина за третиот пораз по ред, но се подигна кога беше најпотребно. Во април го победи Маркос Рожерио да Лима, а потоа во септември исто со експресен прекин беше подобар од Јушин Оками, а последниот настап го имаше на УФЦ 217, на кој го нокаутира Кори Андерсон во третата рунда.

Латифи (14-5, 6-3 УФЦ) оваа година се бореше само еднаш, во септември кога го победи Тајсон Педро. Против до тогаш непоразениот Австралиец покажа колку е добар борач, а салвеше со судиска одлука по доминантната претстава. Со тоа поккажа дека не е само нокаутер, како што се претставуваше во некои претходни настапи. Тој е четири места под Сент Про на УФЦ листата, но има четири победи во последните пет настапи.

Секако интересен дуел, бидејќи станува збор за борци кои сакаат да ги завршуваат своите битки. Сент Про девет од своите десет борби ги доби со прекин, а Латифи заврши четири од неговите шест противници.

https://youtu.be/a-jvQZfyh00

https://youtu.be/UcKZQ2dWgFY

.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON