Еден од најинтересните дуели во тешка категорија, на кој може да бидеме сведоци годинава, е борбата меѓу Алистер Оверем и Жуниор дош Сантош.
Двајцата требаше да се соочат речиси пред една година. Тогаш Сантош беше шампион на организацијата, а Оверем извојува убедлива победа над Брок Леснар. Но Спортската комисија за допинг на државата Невада утврди дека „The Reem“ употребувал забранети лекови по борбата со Леснар, по што беше суспендиран од натпреварите.
Oт тогаш до денес помина доста време и двајцата борци ги имаа своите подеми и падови, но од неодамна двајцата си разменија закани преку социјалните мрежи, при што еден со друг постојано се обвинуваат за избегнување на средбата.
Според последната изјава на Оверем на Твитер, се е подготвено за борбата, недостасува само потписот на Сантош во договорот.
По последната размена на „љубезни зборови“, Холанѓанецот заврши со следната порака:
ЖДС, пријателче, престани да седиш на Твитер, туку земи пенкало и потпиши го договорот.
junior_cigano homie – Stop using twitter and instead grab a pen and sign the contract ~ #kickscoming #legkicks #yesthatscorrect #hardlegkicks – Alistair Overeem ( Alistairovereem ) August 24 , 2015