Алистер Оверем (45-18-1НЦ, 10-7 УФЦ) беше близу до победата на главниот град на САД, а на крај заврши нокаутиран.
Во главниот настан на УФЦ настанот во Вашингтон, 39-годишниот Холанѓанец беше нокаутиран непосредно пред крајот на 5-тата рунда од непоразениот Јаирзино Розенструик (10-0, 4 КО).
Овереем одработи тактичка борба и ги доби првите три рунди.
По минута ипол борба, Оверем, кој се бореше од контраград, го собори 31-годишниот Суринамец. По некое време се обидува да избега, но Рем му го фаќа грбот и го враќа во партер, а до крајот на рундата работи со лактите од странична позиција, но без премногу штета.
Во втората, Холанѓанецот влегува во клинч и го притиска до жицата. Разменуваат удари со колената и Оверем се обидува да го сруши противникот. Судијата потоа ја префрли борбата на средината на теренот заради недостаток на акција, а во тепачката што се случи на крајот на рундата Розенструик зададе малку повеќе, а Оверем попотешко удира. Погоди два пати добро со задната лева рака и со еден мидл кик.
Во вториот дел на 3.рунда во која дотогаш немаше многу акција, Оверем го собори противникот и стрпливо оги бира ударите од граунд и паунд се до истекот на времето.
Четвртата рунда му пропадна на Розенструик. Го притисна противникот со серија удари до жицата, па се повлече, му врати Оверем со десен директ. Боксираа на средина од кафезот, а Суринамецот погодува со одличен аперкат и кроше. На карјот Розенструик го напаѓа со летечко колено кое Оверем го блокира, но не и крошето што следеше во црниот дроб.
Немаше многу акција и во последната рунда се до самиот крај кога Розенструик со комбинација на лев аперкат и десно кроше го собори Оверем и ја заврши борбата на 4 секунди пред крајот на 5-тата рунда.
И на Овереем и на Розенструик ова и беше првпат да се борат во петата рунда. На Оверем ова му беше 14 пораз со нокаутот во ММА борбите. Има и два пораза соо нокаут во кик бокс мечевите.
Во воведниот дел на настан борецот Мејведер Махмуд Мурадов (24-6, 2-0 УФЦ) го нокаутира Тревор Смит (15-10, 5-7 УФЦ) со брилијантна комбинација од три удари во третата рунда.
Откако во февруари го победи Маркос Рожери де Лима и ја прекина серијата од три порази и во меѓувреме се повлече од пензионирањето Стефан Струве (29-12, 13-10 УФЦ) во Вашингтон се бореше против Бен Ротвел (36-11 ММА, 7- 5 УФЦ) кој во натпреварот велезе со серија од три порази.
Борбата беше прекината во првата рунда за неколку минути откако Струве доби удар во гениталиите. Во продолжението Ротвел веднаш со неколку тупаници го притисна холандскиот гигант до жицата и го подогди со аперкат.
Струве втората рунда ја отвори со два добри десни аперкати, а кога тргна на трет Ротвел му контрираш со заден директ.
Во најголем дел Холанѓанецот користеше многу ножни техники, а најмногу лоу кик. Кон крајот на втората рунда, Ротвел повторно врати со нога на Струве во штитник, а иако се чинеше дека не беше толку силен удар, борбата се продолжи за неколку минути. Пред продолжување на 38-годишниот Американец заради тоа му беше одземен бод, а Ротвел наскоро го заврши мечот.
Струв ја повреди ногата откако со низок удар беше блокиран Ротвел. Американецот тогаш удри со удар во телото, а со серија аперкати го сруши Холанѓанецот и го заврш со удари до оградата.
Непоразениот Брис Мичел (12-0 ММА, 3-0 УФЦ) стигна до својата трета победа во УФЦ со ретка завршница. 25-годишниот „Thug Nasty“ го совлада Мет Сајлс (8-3, 1-2 УФЦ) пред крајот на првата рунда во борба до 67,4 килограми.
Во судирот на ветераните Тим Мејнс (29-11-1-1НЦ, 11-8-1 НЦ УФЦ) го совлада поранешниот предизвикувач за титулата во лесна категорија Тијаго Алвеш (23-15, 15-12 УФЦ).
35-годишниот Американец го соборуваше една година постариот Бразилец со лев директ и го заврши со гилотина кон средината на првата рунда, нанесувајќи му го вториот последователен и шести пораз во последните 8 борби.