Алистер Оверем одлучи да ја продолжи кариерата во Глори откако доби отказ од УФЦ. Демолишн мен веќе доби шанса во повратнички меч да го нападне шампионскиот појас.
Оверем ќе се бори со светскиот шампион во кик бокс во тешка категорија, Рико Верховен, на настанот Глори Колишн 3 на 23 октомври во Арнхем.
Пред осум години се зборуваше за нивниот судир, кој конечно ќе се случи за три недели.
„Тоа беше одамна, но се сеќавам на тоа. Рико од тогаш направи многу напредок, стана голем борец и голема личност“, рече Алистер Оверем и откри некои детали во подготовките за борбата:
„Моравме да прегледаме и анализираме многу од неговите борби. Треба на време да ги работиме домашните задачи и тоа го правиме токму сега“.
Рико Верховен е апсолутен владетел во тешка категорија шест години и има 14 победи по ред. Демолишн мен верува дека знае како да запре противник.
„Кик боксот постојано се развива, а Рико постојано напредува. Постојано е на врвот и со секоја борба станува се подобар. Дефинитивно е специјален кикбоксер и одличен пример за модерен борец“, истакна Алистер Оверем и подвлече:
„Рико е огромен и тоа е неговата предност. Тој е апсолутно различен борец од другите кикбоксери пред десет години. Способен е да промени се. Има одличен тим кој брилијантно го анализира противникот и ги бара неговите слабости. Тие се многу добри во тоа“.
Ова ќе биде прв меч во кик бокс на Оверем од 2010 година кога го нокаутираше Питер Аертс во првата рунда на ГП турнирот на К-1.