Големата ѕвезда на УФЦ, Конор Мек Грегор, се враќа во организацијата по 2 години отсуство. Ирецот има тешка задача, ќе се бори со Хабиб Нурмагомедов на 6 октомври во Лас Вегас.
Иднината на Мек Грегор по оваа битка е нејасна, но неговиот тренер Овен Роди одлучи да го каже своето мислење што ќе се случува на неговиот борец по оваа средба.
„Сè уште не знам што ќе се случи со него по борбата против Хабиб, но не мислам дека ќе се повлече од ММА. Не можам да гледам во иднината, но можам да ви кажам дека Конор не е променет и сè уште е ист од ментална гледна точка.
Конор секогаш ги бара големите пресметки кои го возбудуваат, а има уште една таква. Мислам дека ако Конор одлучи и ако тоа го сакаат навивачите, тогаш повторно ќе се бори.
Не знам и во моментов се фокусирани на оваа битка, бидејќи има потенцијал да стане најголема во историјата и се подготвуваме за тоа. Откако оваа борба ќе заврши, Конор најверојатно ќе се фокусира на следната најголема битка во историјата“.