АктуелноБоксПрофесионален

Оваа сабота! Вајлдер – Чисора во јубилејна пресметка!

Поранешниот светски шампион во тешка категорија, Дионтеј Вајлдер, ќе се соочи со Британецот Дерек Чисора во интригантен судир што ќе се одржи на 4 април во О2 арената во Лондон.

Се очекува главната борба на вечерта да започне околу 21:30 – 22:00 часот по македонско време, а гала вечерта ќе се емитува во живо на ДАЗН.

Мечот има дополнителен надомест, бидејќи ќе биде јубилеј – 50-ти професионален меч за двајцата боксери.

Вајлдер (44-4-1, 43 КО) се враќа по победата со нокаут над Тајрел Херндон во јуни 2025 година, со што ја прекина серијата од два порази.

Чисора (36-13, 23 КО) влегува во борбата во добра форма, откако забележа три последователни победи – над Џералд Вашингтон, Џо Џојс и Ото Валин.

Се очекува судирот да понуди класична тешка борба – нокаут силата на Вајлдер наспроти искуството и издржливоста на Чисора.

Show More

Related Articles

Back to top button
IPON