Спектакуларна церемонија, со која беа истакнати природните убавини и културните вредности на Бразил, рано утринава беа отворени Олимписките игри во Рио на кои ќе учествуваат 207 земји.
Олимпискиот пламен го запали поранешниот маратонец Вандерлеј де Лима кој во 2004 година освои бронзен медал во Атина, откако беше попречен од неодговорен гледач во моментите кога се наоѓаше на водечката позиција.
Македонската делегација продефилира на „Маракана“ во целосен состав со шесте спортисти и нивните тренери, а македонското знаме го носеше пливачката Анастасија Богдановски.