Дејвид Хеј и Шенон Бригс ги одработија отворените тренинзи пред настапот во О2 арената во сабота во Лондон.
„Хејмејкер“ се бори против непоразениот Косовар Арнолд Ѓергај.
Промоцијата на Хеј првично објави дека Шенон Бригс ќе се бори против поранешниот ЕБУ европски шампион Александар Димитренко (38-2, 24 КО). Но, од тимот на Русинот негираа дека имаат потпишано договор за борбата, така што името на противникот на Бригс е непознато.
Враќањето на Дејвид Хеј во рингот во јануари против Марк де Мори го гледаа 3,2 милиони луѓе.
Бригс би требало да биде следниот противник на Хеј.