Поранешниот светски шампион во тешка категорија и бронзен медалист од Олимписките игри во Пекинг, Дионтеј Вајлдер, нема да чека со години или децении како повеќето спортски легенди за да ужива во неговата статуа.
Бронзениот бомбардер ќе присуствува на јавното откривање на неговата статуа, а церемонијата во неговиот роден град Тускалоса е закажана за 25 мај.
Предметната скулптура се работи речиси 7 години, а зад неа стои скулпторот Кејлеб О’Конор, кој е сограѓанин на Вајлдер. На интернет дури се појавија и слики од статуата која ќе биде поставена на три километри од гимназијата во која завршил Вајлдер.
Работата на фигурата започна во 2015 година, кога Вајдлер ја освои светската титула на ВБЦ откако го победи Бермејн Стиворн. Дионтеј ја прекина речиси седумгодишната суша во која ниту еден американски боксер не успеа да ја освои круната во тешка категорија.
Поранешниот шампион не се борел од октомври 2021 година, кога загуби вторпат по ред од Тајсон Фјури.