Американското обивинителство ги отфрли обвиненија за хулиганство и кражба на туѓ имот против Конор Мек Грегор. Тој стана цел на истрагата откако го скрши мобилниот телефон од навивач во Мајами.
Канцеларијата на државниот обвинител на Флорида откри дека жртвата престанала да соработува со истражителите и ја променил приказната. Според Мајами хералд, Ахмед Абдиркак се откажал од граѓанското право, откако дошло во вонсудска спогодба.
Мек Грегор беше уапсен во март и помина неколку часа зад решетки.