Осум медали за младите каратисти од Македонија на Гран при Кроација (ФОТО)

Младите македонски каратисти од повеќе наши клубови освоија уште осум медали – 3 златни, 1 сребрен и 4 бронзени на Меѓународниот турнир Гран при Кроација во Самобор – Хрватска.

Јуниорскиот ката тим – жени на Фунакоши Гичин е прв, а машкиот тим е трет.

Александар Неделковски од Металург во кадетска конкуренција е трет, а Јована Манчевска и Мартина Арсовска од Фунакоши Гичин ги освоија сребрениот и бронзениот медал за млади кадетки.

Младите кадети – ката тим на Гладијатор се закитија со златниот медал на овој турнир, додека пионерскиот ката тим е трет.

Ѓорги Петров (-52 кг) од Партизан Кочани го освои златниот медал во борби за помлади  кадети.

Ipon.mk

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON