На Меѓународниот таеквондо ИТФ турнир „Перник опен 2019“викендов во Перник, Бугарија, Хва ранг ИТФ од Лескоец-Охрид, со 10 натпреварувачи освои 8 медали – 1 златен , 2 сребрени и 5 бронзени медали во дисциплината спаринг до 18 години.
Освојувачи на медали се:
Јохан Парулески 1 место категорија деца 8-9 год. -50 кг
Елена Јанеска 2 место категорија кадетки 12-13 год. +60 кг
Марио Крстески 2 место категорија јуниори 14-15 год. -50 кг
Никола Балчески 3 место категорија јуниори 14-15 год. -50 кг
Христијана Парулеска 3 место категорија кадетки 10-11 год. -35 кг
Софија Колушоска 3 место категорија кадетки 10-11 год. -35 кг
Михаил Јоноски 3 место категорија кадети 12-13 год. -50 кг
Давид Велковски 3 место категорија јуниори 16-17 год. -69 кг
Според тренерот и претседател на клубот Марјанчо Лазаревски, неговите натпреварувачи со резултатот повторно направиле да се гордееме со нив.
„Познато ни е дека Бугарија е една од најјаките федерации во светот и затоа на нивните натпревари се радуваме, посебно на секој медал. Конкуренцијата беше голема и квалитетна, иако на овај турнир жрепката не беше на наша страна, а секако, и покрај судиската пристрасност, нашите натпреварувачи успеаја да освојат 8 медали од кои 1 златен, 2 сребрени и 5 бонзени медали. Некои од нашите натпреварувачи и се сретнаа со репрезентативците на Бугарија до 18 години. Најголемо изненадување ни приреди дебитантот Јохан Парулески, освојувајќи го првиот златен медал. Тој во финалето ги победи и судиите и се искачи највисоко на пиедесталот. Елена Јанеска која е се поблиску до оствраување норма за европско првенство, и овај пат докажа дека е врвен спортист. Таа во полуфиналето убедливо салвеше над домашната претставничка, во финалето загуби од судиите. Давид Крстески се бореше со европскиот вицешампион Љубомир Дракалски, како и минатиот пат и така и сега имаа изедначена борба и со мала помош од судиите понатаму продолжи домашниот претсавник. Додека Давид Велковски во полуфинале падна со репрезентативецот на Бугарија беше поразен од судиите, иако беше доминантен во борбата, демонстрирајќи врвна техника. Марио Крстески во финале изгуби заслужено, а неговиот противник во полуфинале го совлада нашиот дебитант Никола Балчески. Од нашите дебитантиповторно бевме пријатно изненадени, затоа што освоија бронзени медали и тоа: Христијана Парулеска, Софија Колушоска, Никола Балчески и Михаил Јоноски. На овај турнир со медал не се закитија само Давид Крстески и Димитар Андрески, за кого беше ова прв натпревар“, анализираше Лазаревски.