Сеишин со 8 натпреварувачи, кадети и сениори, на Меѓународниот турнир џудо „Адем Јашари“ во Приштина, Косово, освои 8 медали – 1 златен, 3 сребрени и 4 бронзени.
Сестрите Настоски беа успешни и во кадетска и во сениорска конкуренција, освојувајќи по два медали.
Медалите ги освоија:
Кадетки
1.Теа Настоска -44 кг – сребрен медал
2.Теона Настоска -48 кг – сребрен медал
Сениорки
3.Теодора Димеска -48 кг – златен
4.Теона Настоска -48 кг – сребрен
5.Теа Настоска -48 кг – бронзен
6.Магдалена Најдоска -52 кг – бронзен
7.Мартина Јанкоска -78 кг – бронзен
Сениори
8.Стефан Талески -90 кг – бронзен
„Михаил Димоски -66 кг кај кадетите и Леона Настоска -57 кг кај сениорките прикажаа солидни борби но не успеаја да изборат пласман на пиедесталот“, велат од клубот, истакнувајќи дека екипата предводел тренерот Мики Чадамов.
На турнир настапија клубови од 7 држави и тоа: Косово, Албанија, Црна Гора, Бугарија, Грција, Македонија и Словачка.