Основачот на олимписката лабораторија: Сите тие се на допинг. Сите до еден (ВИДЕО)

Дон Катлин е основач и водач на првата антидопинг лабораторија во САД – УКЛА/UCLA олимписка аналитичка лабораторија.

Познат е по креирањето на тестови за откривање на недозволени средства во организмот, а го надгледуваше и тестирањето на Олимписките игри.

Во новиот документарен филм на Нетфликс „Икарус“, кој се занимава со допингот и всушност колку е раширена употребата на недозволени средства во спортот, Катлин му помогна на режисерот Брајан Фогел да ги помине допинг тестовите за време на најтешката аматерска велосипедска трка, седум дена низ француските Алпи, Хаут Рут.

Вели дека неговата лабораторија 50 пати го тестирала велосипедистот Ленс Армстронг и секој пат бил негативен.

Како се чувствувавте во текот на годините? Дали мислите дека тоа е само Ленс или …

„Сите се на допинг, сите до еден“.

„За жал, допингот делува. Со одредено знаење секој пат може да го поминете тестот. Тоа е навистина лесно“.

.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON