Бени Османоски вчера го победи Ефе Сипаи од Германија на настанот „Подготвен за војна„ во Цирих, Швајцарија.
Османоски кој имаше 79,9 кг и Сипаи 81,8 се бореа во К-1 на настанот „Рејди фор вор“. Инаку Сипаи е искусен борец кој до овој меч имаше 30 професионални борби.
Османоски се врати во форма откако минатиот месец беше поразен од Словак, така што ова е добра увертира пред одбраната на светската титула.
-Синоќа ја добив борбата го совладав противникот на поени. Во првата рунда му зададов неколку удари и падна на во нокдаун, при што му броеја. Во втората рунда повторно со колено му зададов удар и повторно имаше броење, но повторно продолжи да се бори, така што на крајот победив на поени, изјави Османоски за ipon.mk.
Тој им се заблагодари на Господ, семејство за големата подршка, на неговиот тренер Роџер Руби, спонзорот Р.Касати, како и на другарите, колеги, фејсбук пријателите кои му даваат голема поддршка.
– Многу ми значи прекрасната поддршка. Навистина го ценам тоа. Му благодарам на организаторот Мирко Кун за поканата на неговата Супер гала, така наречена READY 4 WAR, – рече Бени.
ipon.mk/В/Д.