Борачите на Лирија од Скопје на Меѓународниот турнир за јуниори кадети „Ментас Алајбегу“ во Приштина освоија две први места, Халит Османи (-46 кг) и Елмедин Сејфулау (-55 кг).
Сребрени медали освоија Омер Фуга (-42 кг), Ријад Реџепи (-61кг) и Исуф Сахити (-74 кг), додека трето место освои Амир Реџепи (-55 кг).
Во вкупниот пласман екипата на Лирија го освои третото место, по Албанија (прво) и Косово (второ).
Од македонските екипи уште учествуваа „7 Мај“ од Прилеп, при што освоија едно второ и едно трето место, како и Ускана од Кичево, кои имаа две трети места.
ipon.mk/В.Д.