Шампионката во бантам категорија на УФЦ, Ронда Русеј, изјави дека сака да освои титули и во други споротви, освен ММА. Така таа сака да биде запаметена како најдоминантна спортистка не само во кафезот, туку и во рингот.
Пензионираниот боксерски шампион, Оскар де ла Хоја, кој е сопственик на менаџерската компанија Golden Boy Promotions, изјави дека веќе преговара со олимписката медалистка во џудо.
„Зборувавме со нејзе и таа знае дека ако одлучи да застане во рингот, ние ќе ја поддржиме“, рече де ла Хоја.
Тој ги истакна и неговите забелешки за Русеј и нејзината иднина во боксот.
„Таа е беспомошна. Навистина е добра. Има брзина, сила и инстинкт, кој е многу важен. Таа има храброст да биде голема. Тоа е разликата меѓу неа и многуте други борци. Таа презема ризици и тоа многу ми се допаѓа кај неа“.
Русеј ќе има шанса да ги тестираат вештините во стоење против поранешната шампионка во бокс, Холи Холм на 5 ноември на УФЦ 193.