Оштетениот Михаи Нистор: Французите го местат Јока за шампион преку АИБА

Mihaj Nistor

Многу дрско го осакатија судиите романскиот боксер Михаи Нистор, а тој ја објасни причината за тоа, односно како судиите му ја доделија победата на неговиот ривал Хусеин Јашијаш (Јордан).

На претставникот на Јордан двапати му броеја поради нокдаун, но, сепак, победи со 2-1. По поразот Нистор добил честитки од речиси сите тренери на другите тимови.

„Како би можел да очекувам подобно решение. Мојот ривал воопшто не мислеше дека ќе победи. Се е многу едноставно. Французинот Јока се плаши да се бори со мене. Неговите луѓе имаат нов човек во раководството на АИБА и затоа тие сакаат да имаат неколку олимписки шампиони. Јока може да загуби само со нокаут, инаку е олимписки шампион. Знаев дека може да ме пресечат, затоа уште на почетокот тргнав на нокаут. Ете, со вакви кражби боксот ќе исчезне од светот на спортот“, рече Нистор за романските новинари.

Нистор е единствениот човек кој го нокаутира светски шампион за професионалци во тешка категорија Ентони Џошуа.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО